Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 23 часот во скопското село Ново Село, кога патничко возило „фолксваген голф” излетало надвор од коловозот, повредени се две лица.
Со возилото управувал 22 годишен жител на селото Волково, а покрај него во несреќата е потешко повреден неговиот 26 годишен сопатник.
И двајцата сепренесени во болница, каде им е укажана медицинска помош.
МВР извршила увид на местото на настанот, за да утврди причините за сообраќајната несреќа.

