TАЖНА ВЕСТ: Почина славниот пејач

Славниот британски пејач и кантавтор Крис Рeа, чии хитови го вклучуваат и „Driving Home For Christmas“, почина на 74-годишна возраст, на три дена пред Божиќ, соопшти портпаролот на неговото семејство, според „Гардијан“.

Реа се прослави со автентична мешавина на блуз, поп, соул и софт-рок, која му донесе светска слава низ 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Тој беше исклучително продуктивен и во кариерата сними 25 студиски албуми, на кои се најдоа мегахитовите „The Road to Hell“, од неговиот истоимен деби-албум; „Driving Home for Christmas“, „On the Beach“ и „Josephine“, меѓу другите. Тој има продадено над 30 милиони копии од неговите албуми.

Роден е во 1951 година во Мидлсбро од татко Италијанец и мајка Ирка, и имаше шест браќа и сестри.

Неговиот прв бран на успех дојде во САД, каде што неговата песна од 1978 година „Fool (If You Think It’s Over) достигна 12-то место и му донесе номинација за „Греми“ за најдобар нов изведувач.

Доцните 1980-ти беа неговиот најкомерцијално успешен период: конечно прифатен во Велика Британија и покрај тоа што честопати се наоѓаше надвор од доминантните трендови во поп-музиката, „Dancing With Strangers“ од 1987 година започна серија од шест албуми во топ 10 во Велика Британија, од кои два достигнаа број 1.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде