Регионот тагува: Почина познатиот политичар

На 86-годишна возраст почина Франц Ковач, истакнат словенечки политичар и ветеринар, кој беше пратеник во првото демократско Собрание на Словенија (1990-1992) во пресрет на распадот на заедничката држава.

Ковач беше дел од движењето „Словенска пролет“ и лидер на коалицијата ДЕМОС во Шентјур. Како пратеник, директно учествуваше во донесувањето на клучните акти за осамостојувањето на Словенија и новиот Устав во 1991 година.

Живот помеѓу политиката и животните:

По професија беше ветеринар, а својата љубов кон животните ја опиша во книгата „Бев ветеринар“.

Основач е на весникот „Шентјурске новице“.

Има бурно минато – поминал 11 месеци во озлогласениот затвор во Зеница додека го служел воениот рок во ЈНА.

За себе на својот блог напишал дека е „позната и контроверзна личност“, која иако по природа е пасивна, јавноста често ја доживувала како конфликтна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде