ВНИМАТЕЛНО КОН СКОПЈЕ: Најнова вест за сите кои утрово патуваат!

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин-Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје-Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес-Скопје, Скопје-Велес и Куманово-Скопје.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде