По барање на ЕВН Хоум, Регулаторната комисија ја зголемува цената на електричната енергија за домаќинствата.
– За првиот блок цената на струјата се зголемува за 2,45%, за вториот блок се зголемува 2,87%, за третиот блок се зголемива за 3,33%, за четвртиот блок 3,84%. За евтината тарифа РКЕ одлучи да се зголеми за 2,50%, соопшти Бислимовски на прес-конференција.
Како што вели Бислимовски, од ЕВН Хоум барале зголемување од 8-9%, меѓутоа РКЕ го утврдило зголемувањето кое веќе беше соопштено.
Доколку се укине надоместокот од 200 денари, цената за мрежарина која изнесува 2,03 денари, ќе биде 2,6 денари. Како резултат на тоа, доколку се укине надоместокот од 200 денари, првиот блок ќе се зголеми за 8,46%, зголемување има и во останатите блокови, а евтината тарифа ќе се зголеми за 13%. РКЕ останува на ставот дека надоместокот од 200 денари нема потреба да се укине.
Кај домаќинство кое има потрошувачка само во прв блок сметката е се зголеми за околу 57 денари, за прв и втор блока ќе се зголеми за 70 денари. За домаќинства кои имаат потрошувачка во прв, втор и трет блок, месечната сметка ќе се зголеми за 370 денари, а тоа се околу 14.000 домаќинства.

