На 22 декември 2025 година, околу 15:00 часот, патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки излетало од коловозот на автопатот Скопје-Велес, кај Катланово.
Возачот, О.П.(49) од Велес, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата се во тек на утврдување.
Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

