Објавена мапа: Ќе имаме ли снег за новогодишната ноќ?

Веќе неколку дена, српските медиуми пишуваат дека на Балканот доаѓа поголема количина на снег.

Со слично предупредување е и метеорологот Славчо Попоски, кој повторно објави дека новогодишната ноќ ќе биде снежна со со обилни врнежи од снег и екстремно ниски температури.

„Најново ажурирање на прогностичките материјали: Обилни врнежи од снег ноќта 31 декември 2025/1 јануари 2026 и на 1 јануари 2026.

Дали новата година дали ќе донесе и екстремно ниски температури од под -20 степени?! Ја следам состојбата!“, напиша тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде