Утрово магла и врнежи од снег во делови од Македонија – ЕВЕ КАДЕ

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Намалена видливост до 50 метри поради магла утрово има на планинскиот премин Стража, а слаб снег проверјува на Попова Шапка.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде