Поради сообраќајна незгода на Качанички пат, сообраќајот на обиколницата е во голем застој.
Според информациите, двете коловозни ленти се целосно зафатени, поради вршење увид, што предизвикува формирање долги колони возила.
На возачите им се препорачува да изберат алтернативни правци и да ја избегнуваат оваа делница додека не се расчисти патот.
Официјални детали од МВР најавија за подоцна.

