ОГОРМНА ТАГА: Познат идентитетот на починатата жена пронајдена во градскиот парк

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината повозрасна жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица.

Според полицијата, станува збор за Л.К.(71) од село Едрениково, струмичко, без знаци на живот.

– Лекар од Итната медицинска помош Струмица констатирал смрт, а увид изврши екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител телото на починатата е дадено на обдукција – соопштија од СВР Струмица.

Веста првично ја потврдија и од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде