Утрово, поради сообраќајна незгода на Качанички пат, сообраќајот на обиколницата беше во голем застој.
Двете коловозни ленти беа целосно затворени, што предизвика формирање долги колони возила.
Од МВР излегоа со првични детали дека се удриле патничко возило и шлепер и двете со скопски регистарски таблици.
Едно лице било повредено и е пренесено во болница.

