Се случи она од што најмногу се стравуваше: Трагично заврши потрагата по исчезнатиот маж од Скопје

Извлечено е машко тело од реката Вардар.

Имено, Вчера по 14 часот, во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на реката Вардар, во атарот на село Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице.

По извршена проверка, утврдено е дека станува збор за 71 годишен скопјанец, за кого, претходниот ден било пријавено дека исчезнал.

На местото на настанот извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде