Делови од Македонија ќе бидат снежна покривка – Синоптичарите со најнова прогноза

Земјава викендов и на почетокот на следната недела ќе биде под влијание на изразен ладен воздушен бран од североисток, кој ќе донесе засилен до силен северен ветер, значителен пад на температурите и локални снежни врнежи, особено во источните делови од земјата.

Според прогнозите, ќе дува силен северен ветер, кој на моменти и локално ќе достигнува брзина над 60 до 70 километри на час.

Времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, а ваквите услови ќе придонесат за значително прочистување на загадениот воздух во котлините.

Утринските температури за време на викендот ќе се движат од -8 до 1 степен, додека дневните ќе достигнуваат меѓу 0 и 9 степени. Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога температурите насекаде ќе се спуштат под нулата – од -10 до -1 степен, а на високите планински места има услови тие да паднат и под -10 степени.

Истовремено, источна Македонија е зафатена од влажен и ладен воздушен бран од север, кој предизвика врнежите од дожд да преминат во снег, при што во дел од градовите и на планините владее вистинска зимска снежна идила. Најобилни врнежи до утринските часови се измерени во југоисточниот дел од земјата, при што во Гевгелија наврнале 36 литри дожд на метар квадратен.

Поради многу ниските температури, особено во ноќните и утринските часови, се препорачува граѓаните да носат топла облека и соодветна заштита при излегување – капи, шалови и ракавици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде