(ВИДЕО) Тешка автобуска несреќа го потресе светот, најмалку 10 загинати и 32 повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа во источната мексиканска држава Веракруз, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во среда во градот Зонтекоматлан, додека автобусот патувал од Мексико Сити кон селото Чиконтепек.

„Моментално потврдивме дека девет возрасни лица и едно дете починаа“, соопшти канцеларијата на градоначалникот на Зонтекоматлан.

Сообраќајните несреќи, во кои учествуваат автобуси или камиони, се чести во Мексико. Тие често се предизвикани од пребрзо возење или механички дефекти.

Кон крајот на ноември, десет лица загинаа, а 20 беа повредени во слична несреќа во Мичоакан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде