Тешка сообраќајна несреќа вечерва ја потресе скопската населба Кисела Вода.
Според сведоштва на очевидци за 24инфо.мк, возач на такси возило, во видно алкохолизирана состојба, удрил младо девојче на тротоар и наместо да застане и да помогне, продолжил да вози.
Очевидците опишуваат вистински хаос: откако ја удрил девојката, таксистот изгубил контрола, удрил во комбе кај пиљарата „Шампионче“, а неговиот поход завршил дури пред вратата на градинката „Весели Цветови – Мимоза“ со целосно уништено возило и истечени течности.
„Ова се случи на тротоарот по кој наутро ги носиме децата“, раскажуваат потресените граѓани.
Екипи на Брза помош веднаш го пренеле повреденото девојче во болница.

