Граѓаните се соочуваат со повисоки цени на основните пекарски производи.
Според најавите, кифлите и бурекот веќе се поскапени за 10 денари, а овој тренд се очекува да се прошири низ сите пекарници во државата во текот на претстојната недела, објави “4news.mk“.
Главната причина за ваквиот скок на цените е најавеното поскапување на електричната енергија, кое стапува на сила од задутре.
Со оглед на тоа што струјата е еден од клучните трошоци во пекарската индустрија, производителите велат дека се принудени да ги коригираат цените на мало за да ја одржат економската одржливост на нивните бизниси.
Ова ново поскапување е само дел од серијата зголемувања на трошоците за живот кои директно го погодуваат стандардот на потрошувачите.
Пекарите предупредуваат дека доколку трошоците за енергенси продолжат да растат, можни се и дополнителни корекции на цените на другите производи од брашно во периодот што следува.
Со ова ќе се остварат прогнозите на сегашниот премиер Христијан Мицкоски дека ќе јадеме најскап бурек дадени од позиција на лидер на опозицијата во февруари 2024 година, два месеца пред победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.
Четврт бурек со јогурт беше 50 денари, а сега е 120 денари, рече опозицискиот лидер Христијан Мицкоски коментирајќи ги економските политики на Владата.

