Од петок доаѓа промена на времето – УХМР утрово со најнова прогноза

Сончево и студено време со мала до умерена локална облачност се очекува денеска низ земјава, информира Управа за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот ќе дува силен ветер, а на одделни места ќе има услови за слабо провејување на снег.

Минималните утрински температури ќе се движат од -10 до -4 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од -4 до 6 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и студено, со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6 степени, а максималната ќе достигне околу 3 степени.

Според прогнозата, и во четврток и петок ќе продолжи студеното време со утрински температури под нулата насекаде. Од петок се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд, како и умерен до засилен јужен ветер. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде