Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патот Струга – граничен премин „Ќафасан“, поради превртена цистерна на патот.
Портпаролот на СВР Охрид за МИА информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини цистерната сè уште не е тргната од коловозната лента.
Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин „Свети Наум“ кај Охрид или „Блато“ кај Дебар.

