Убава вест за новата година: Оваа група вработени добива повисоки плати

Од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.

Покачувањето ќе изнесува меѓу 7 ипол и 10 проценти од платата, зависно од пресметките.

-Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување.

Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше и нотирано во извештајот на Европската Комисија, рече министерката Јаневска.

Годинава ќе има два вида на државна матура. Во стручната прашањата ќе бидат прилагодени на материјалот, а во државната како и досега ќе бидат исти.

Децата од средно стручно училиште ќе можат да полагаат и државна матура ако не планираат да продолжат на факултет во струката која ја учеле. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде