Овие граѓани да си ги проверат сметките, власта денеска изврши исплата

Завршени сите подготовки за исплата на пензиите за месец декември 2025 година, соопшти Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ), пред празникот.

Оттаму посочија дека поради новогодишниот празник (1 јануари), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки денеска.

За оваа намена обезбедени се 9.289.521.686,00 денари, а пензија ќе добијат вкупно 340.156 пензионери.

Од ПИОМ нагласуваат дека податоците веќе се доставени до деловните банки, со што се гарантира дека процесот ќе се одвива ефикасно и без доцнење.

„Како институција одговорна за социјалната сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата“, стои во соопштението. 

Премиерот Христијан Мицкоски вчера потврди дека во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите.

Во изјава за медиумите дадена во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде