Жителите на охридско-струшкиот регион рано утринава почувствуваа слаб земјотрес.
Телеметриската сеизмолошка мрежа регистрираше потрес со јачина од 2.10 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците од апликациите за следење на земјотреси, потресот се случил во 04:00 часот наутро, на 2 јануари 2026 година.
Епицентарот е лоциран во близина на Подмолје, помеѓу Охрид и Струга на длабочина од 15 километри.
Со оглед на малата магнитуда, земјотресот бил почувствуван слабо само од дел од населението во околината.

