Заглавени возила и излетување од пат – снегот прави проблеми во делови од Македонија

Фото: Илустрација

По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци:

Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата, информираат од ЦУК.

На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се пријавени повеќе случаи на заглавени возила, како и едно излетување од пат.

Центарот за управување со кризи ги повикува граѓаните да постапуваат одговорно и внимателно и да ги следат препораките на надлежните служби, а за навремена помош и пријава на опасности или итни ситуации да го користат единствениот број за итни повици 112.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде