Шокантно видео: Тепачка во локал во Гостивар, 17-годишник пука со пиштол

Вознемирувачка видеоснимка кружи на социјалните мрежи која прикажува момент на пукање во бар во Гостивар, при што јасно се слушаат четири истрели.

Инцидентот се случил минатата вечер, а според неофицијалните информации, во објектот имало повеќе гости, со што била сериозно загрозена општата безбедност.

Како што се наведува, осомничен е 17-годишник со германски пасош, кој се товари за загрозување на општата безбедност и нелегално поседување оружје.

И покрај сериозноста на настанот, јавниот обвинител не побарал определување мерка притвор за малолетникот.

Видеото може да го погледнете на Pa Censure

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде