Приведен маж кој со остар предмет се заканувал на градоначалник
На 2 јануари, околу 17:45 часот, полицијата го лиши од слобода Ф.Б. (34) од село Стримница, Тетовско, по пријава дека околу 10:00 часот во просториите на општина Желино со остар предмет се заканувал на градоначалникот Б.С. (40) од село Копачин Дол.

