Силен земјотрес со интензитет од 5,5 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Перу денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот е пријавен во област во близина на границата со Еквадор, на длабочина од 101 километар.

Нема веднаш пријавени повредени или штети.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот првично бил слаб, а потоа се засилил.

Еден жител во областа рекол дека паднал од кревет поради земјотресот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде