Доаѓа нов снежен бран – еве кога започнуваат врнежите

Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопштува Управа за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од -9 до -2 степени, додека дневните максимални ќе бидат меѓу 1 и 9 степени Целзиусови. Во Скопје се најавува слично време, со сончеви периоди и слаб ветер, а максималната температура ќе достигне околу 4 степени.

За време на викендот се очекуваат нови врнежи, кои на планините и повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските делови од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните региони, каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка.

Во недела и понеделник се најавува умерен до засилен северен ветер, кој локално ќе надминува 60 километри на час. Температурите ќе бидат во опаѓање, а на одредени места ќе останат под нулата и во текот на денот, со повремени локални врнежи од снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде