Музичарот и актер Петар Георгиевски – Камиказа утринава објави тажна вест – починала неговата мајка.
Во емотивното збогување, Перо вели дека неговата мајка била негова најголема поддршка.
„Сабајлево во 6 и 15 престана да чука срцето на мајка ми. Мислам дека оваа слика е најсоодветна за нашата шест и пол децениска љубов.
Од раѓaњeтo до денес, беше мојата најголема поткрепа во се…До последно чекаше да ми завршат сите поголеми овоземски обврски па да замине. Почивај во мир мој ангелу.
Конечно со тато и дада ќе си кажувате разни догодовштини. Ги истажи и исплача и двајцата до последниот здив. Таму меѓу ангелите нека ти е светол патот мамичке, објави Георгиевски.

