За време на својата кариера работеше со сите редакции на МРТ, од информативна до документарна и играна програма…
Ненадејно, на 48-годишна возраст почина долгогодишниот снимател на МРТ, Александар Мижимаков.
За време на својата кариера работеше со сите редакции на МРТ, од информативна до документарна и играна програма.
Мижимаков студираше филмска камера во Софија и работеше на неколку надворешни проекти надвор од МРТ. Зад себе остави сопруга и три деца.
Погребот ќе биде во наредниве неколку дена во Скопје.

