Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила денеска попладне на патниот правец Тетово–Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена во 15:50 часот во СВР Тетово, а во неа учествувале патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ. (35) од Струга, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (46) од селото Долна Лешница.
Во судирот телесни повреди добиле возачот на „мерцедесот“ и еден сопатник од истото возило, како и тројца сопатници кои се превезувале во „голфот“. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
На местото на настанот извршен бил увид од страна на екипа на СВР Тетово, а причините за сообраќајната незгода се утврдуваат.


