Земјотрес доцна синоќа стресе делови од Македонија
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје.
Според првичните податоци, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од 2,9.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во
Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Засега нема информација за евентуални штети.

