Се појавија шокантни снимки: 18-годишниот Саит кој ја усмрти жената на социјалните мрежи се фалел со лудо возење

Тинејџерот Саит Саитов и претходно управувал возило непрописно, а дел од тие моменти ги објавувал на социјалната мрежа Инстаграм, објави Лидер.

Од содржините на неговиот профил може да се забележи дека уште на 17-годишна возраст возел над дозволената брзина со возило „пасат“, при што редовно се снимал и објавувал видеа од таквото возење.

Истото возило „фолксваген пасат“ со кое објавувал видеа од брзо и непрописно возење било инволвирано и во трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Љуба Јаковлеска.

По несреќата, осомничениот го напуштил местото на настанот и се наоѓа во бегство.

Претходно, Министерство за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по Саит Саитов (18) од Скопје, по барање на Основно јавно обвинителство Скопје, за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде