Фејсбук реакцијата на Viktor Nasteski Ви ја пренесуваме во целост:
-Ги читам реакцииве за новиот предлог закон и не ми се верува колку себичност може да собере во една пепељара! Се жалат дека им се крателе правата?
Па дечки, ајде малку реално: Кој кого тука узурпира?
-Вие имате право на избор да си го уништувате сопственото здравје, тоа е ваша работа. Но, кој ви го даде правото да го уништувате моето и на моите деца? Што сме ние непушачите? Луѓе од втора класа со резервни бели дробови?
Околу домашната култура…..
-Сакам да верувам дека многу од вас се совесни родители, па дома или во кола не пушите пред децата и излегувате на тераса?
-Но, дури и да не е така…дома е ваше право како ќе постапувате.
-Ако сте решиле да ги труете сопствените деца меѓу четири ѕида, тоа е на ваша одлука и совест и никој не смее да ви се меша![]()
АМА НАДВОР… Надвор немате право да ми дувате во врат додека ручам, пијам кафе/сок и сум со семјеството излезен да уживам.
-Моите деца не се должни да го трпат ВАШИОТ избор и да ме прашуваат: Тато, зошто ме печат очите и зошто смрди вака? Тие имаат право да седнат во ресторан и да дишат воздух, а не вашиот тутунски отпад!
Неколку факти за загрижените:
1. Ништо нема да ви биде ако излезете два часа во кафич, одвојте 5 минути и запалите цигара надвор. Не е крај на светот, малку свеж воздух ќе ви прија!
2. Угостителите нема да пропаднат, нека не се секираат. Напротив, објектите ќе се наполнат со луѓе на кои им е преку глава од смрдеа и чад. Тој што сака да излезе, ќе излезе и со закон и без закон.
3. Бидете солидарни, а не само пушачи!
И јас и вие ја плаќаме истата сметка на крајот од ручекот. Разликата е во тоа што вие сте уживале во вашиот, а јас сум се гушел и сум гледал што побрзо да си заминам. Моите пари во ресторанот не вредат помалку од вашите за да морам да ја трпам вашата пасија за тутун.
Уживањето на едниот не смее да биде мачење за другиот!
Законот не е против вас, туку за СИТЕ нас конечно да продишеме. Гледајте малку подалеку од сопствениот чад и бидете луѓе![]()
Искрено се надевам дека ова не е само празна најава, туку реална намера да се стави крај на гасните комори во објектите

