По пожар во стан во зграда во Блок 70 во Тетово, вчера едно машко лице го изгуби животот, а уште еден маж е повреден, пренесува „Тетово инфо“.
Пожарот во Територијалната против пожарна единица Тетово бил пријавен во 19.05 часот.
Од СВР Тетово потврдиле дека било најдено починато машко лице, како и едно повредено лице.
Од полицијата повеќе детали најавија за во текот на денешниот ден.

