Пристигна убава вест за скенирачите на фискални сметки

По вчерашната изјава на директорката на УЈП, Елена Петрова дека мерката „Мој ДДВ“ не го дала посакуваниот ефект, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска информира дека не се размислува за укинување на мерката.

Вели дека вчера немала прилика да го слушне гостувањето на директорката, но потенцира дека во МФ не размислуваат на тема за менување на законот.

-Не можам да кажам дека ќе има било какви промени. Напротив, сето останува како што беше досега, рече Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата.

Петрова вчера рече дека мерката, која беше воведена во 2019 година, требаше да доведе до намалување на сивата економија преку фактот што секој граѓанин го поставува во улогата на даночен инспектор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде