Грипот ја зеде првата жртва. На Инфективната клиника почина жена на 75 – годишна возраст.
Имала и други хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.
Уште двајца други пациенти се во критична состојба и на респиратор, а неколкумина на кислородна поддршка.
Хоспитализирани се 25 пациенти, повеќето повозрасни.
Инфектолозите велат – прегледите се зголемени, пациентите кои имаат хронични заболувања и не се вакцинирани се најмногу на удар на грипот.

