На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците (ААШ) на Арбен Таравари комплетното раководството поднесе колективна оставка.
Како што објаснуваат од партијата, оваа одлука „е донесена едногласно по внатрепартиска дебата, со што се отвори патот за реформи, вклучување на нови кадри и длабока реорганизација во пресрет на Собранието и Конгресот на партијата“. Таравари останува за ја води партијата како претседател до потврдување на оставките.
„Оваа одлука е донесена со убедување дека на партијата ѝ е потребна организациска свежина, вклучување на нови кадри и длабоки и сеопфатни реформи, кои дополнително ќе го зајакнат политичкиот профил и внатрешното функционирање на Алијансата за Албанците, како и размислување за изборните резултати од локалните избори“ стои во партиското образложение.
Собранието на партијата се очекува да се одржи кон средината на февруари, додека Конгресот на партијата се очекува да се одржи најдоцна до есента оваа година.
Одлуката за колективна оставка следи по завршувањето на повторените избори за градоначалник во четири општини, каде АА настапи во коалиција со ДУИ.

