АМСМ со важна информација за сите кои утрово патуваат – има врнежи од снег на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Врнежи од снег на планинските премини „Ѓавато“ и „Буково“ без задржување на коловоз.

Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин „Плетвар“ и кај Крушево до 50 метри, Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово-село Лисец до 80 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде