Ретко видено во Македонија: Градоначалник се фрли по светиот крст

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски денеска бил меѓу верниците кои се фрлиле по светиот крст во водите на Крива Река, објави тој на социјалните мрежи.

„Со фрлањето на Светиот Крст во водите на Крива Река, уште еднаш се потсетивме дека верата, традицијата и заедништвото нè прават посилни како луѓе и како заедница.

Со искрена почит кон празникот и верниците, застанав рамо до рамо со моите сограѓани и влегов во водите по Светиот Крст“, сподели Митовски.

„Водици нè учи на чистота на мислите, на вера во доброто и на сила што доаѓа кога сме сплотени“, истакна тој и воедно искажа благодарност до сите што денес биле дел од овој свет момент” додаде тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде