Шеесет и шестгодишен маж со иницијали К.Г. е пронајден починат вчера во струмичкото село Радичево.
Според информации од МВР, човекот од невнимание паднал во шахта во дворот од неговата куќа.
Лекар од Итна помош констатирал смрт, истакнувајќи дека на телото нема траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

