Мерка за поздравување: Општината доделува 20.000 денари доколку склучите нов брак

Градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски информираше дека оваа година Буџетот на Општината предвидува финансиска помош за новороденчиња и новосклучени бракови во висина од 10.000 до 30.000 денари.

Општината ќе одвои 10.000 денари за секое првородено дете, 15.000 денари за второродено и 30.000 денари за трето дете.

Исто така, за секој новосклучен брак, сопружниците ќе добијат надоместок од 20.000 денари.

„Ова не е само финансиска помош, ова е јасна и силна порака дека семејството, децата и младите се наш приоритет. Сите воведени мерки се со цел стимулирање и зачувување на наталитетот, како и создавање услови младите да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина во општина Могила“, соопшти Саботковски.

Според Државниот завод за статистика, оваа пелагониска општина се соочува со негативен природен прираст на населението, земајќи предвид дека во 2010 година во Могила имaше 66 новороденчиња, а во 2024 бројот изнесува помалку од половина, односно 30 новородени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде