Македонијапат утрово известува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Снег паѓа во западниот дел од државата и има забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – гп Ќафасан.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон на ЈП Македонијапат 02 25 61 502.

