Трагедија во Македонија: Камион излета во провалија, загина возачот

Рано утрово во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем,

кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде