Иако МВР известува за намалување на вкупниот број сообраќајни несреќи во Скопје со стартот на пробниот период на системот „Сејф сити“, првите недели од 2026 година покажуваат загрижувачка слика кога станува збор за тешки сообраќајни инциденти, особено оние во кои се повредени или загинати пешаци.
Тешка несреќа на „Крсте Мисирков“ – 19-годишна девојка со тешки повреди
Последниот сериозен инцидент се случи на 21 јануари 2026 година околу 20 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Според Министерството за внатрешни работи, патничко возило „рено“, управувано од 25-годишен возач од Скопје, удрило во 19-годишна пешачка од селото Арачиново.
Девојката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Извршен е увид од СВР Скопје, а истрагата е во тек.

