Со длабока тага ја примивме веста за заминувањето на нашата почитувана колешка Лидија Петрова Иванова, долгогодишен наставник по информатика во ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица
Лидија ќе ја паметиме како посветен педагог, искрен колега и човек кој со своето знаење, труд и човечност остави длабока трага меѓу учениците и колективот.
Нејзиниот придонес во образованието и училиштето ќе остане трајно врежан во нашето заедничко сеќавање.
Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, најблиските и сите кои ја познаваа и ја почитуваа. Нека почива во мир.

