Времето денеска ќе биде претежно облачно, а во крајните северозападни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд.
Пообилни врнежи и услови за ретки грмежи ќе има во понеделник, врнежите ќе продолжат и во вторник до вечерните часови.
Во среда претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми.
Во текот на ноќта и во четврток, повторно ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

