На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија една од најзначајните личности на современата македонска култура.
По повод годишнината од неговото раѓање, неговата сестра Дора и годинава ја продолжи традицијата на тивко, но длабоко лично сеќавање.
Таа сподели фотографија од роденденска торта посветена на својот брат – бела торта со елегантни златни детали, украсена со бели ангелски крилја и свеќички со бројката 45, симболичен потсетник на роденденот што Тоше денеска ќе го славеше.

