Моќен циклон со центар над Џенова: На ден 26 Јануари 2026 понеделник целата територија на Македонија ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови, на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе врне снег.
Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец особено во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час а можна е и ретка појава на грмежи.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 9 степени.
Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија, повторно расте ризикот од зголемување на нивоата на реките и на езерата како и опасноста од излегвање на реките и поплави.

Метео анализа на Славчо Попоски:

