На секое семејство кое ќе добие новороденче во Општина Ѓорче Петров ќе му биде доделена финансиска помош од 8.000 денари.
„Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства.
Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка – конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство.
Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет.
Инвестираме во животот од самиот почеток“, објави градоначалникот Александар Стојкоски.

