Доцна синоќа голема полициска акција на САЕ Тигар кај Свети Николе – ова се деталите

Фото: Илустрација

Кај Свети Николе синоќа бил пресечен транспорт на околу 200 килограми марихуана, објави порталот МКД.мк.

Во голема полициска акција, во која учествувале екипи на БЈБ – МВР составени од припадници на Организиран криминал и САЕ Тигар, биле запрени три возила, од кои едно возило било со швајцарски ознаки, а две со македонски регистарски таблици.

Како што дознава порталот, швајцарското возило во кое била марихуаната, било качено на македонско шлеп возило кое имало и претходница чистач на патот.

Исто така, според нивните сознанија, станувало збор за организирана криминална група која делувала на територијата на Македонија и соседните земји.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде