ВНИМАТЕЛНО: Утрово големи одрони на овој патен правец

Граѓани информираат за големи одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

„Внимателно. Беа зафатени двете коловозни ленти. Со помош на неколку возачи затекнати на лице место отстранивме дел од камењата за да може да се одвива сообраќајот по една коловозна лента.

Се замолуваат службите за побрзо расчистување на карпите.“, стои во објавата на социјалните мрежи.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде